Почетна Контакти Подршка
 

2/24/2015

 

  • На својата редовна месечна средба во хотелот Холидеј Ин, членките на Инер Вил кубот Скопје извршија ...

повеќе

 

1/27/2015

 

  • Членките на ИнерВил клубот ја оддржаа својата прва редовна средба во 2015 година. На средбата се дискутираа програмските цели и активности во 2015 ...

повеќе

 

 

...

повеќе

 
 

Партизански Одреди 70/б
P.Box 798, 1000 Скопје
Република Македонија

Тел. (389 02) 3062 636
Факс. (389 02) 3093 313

 
 
 
    ДРУЖЕЊА НА ЧЛЕНКИТЕ
 
 
12/06/2017
 
  • Се одржа последниот состанок во ресторан Daily кога се изврши примопредавање на претседателството на Innerwheel на новиот претседател г-ѓа Весна Богоја Блажевска за 2017/2018 година.
    Би сакала да изразам посебна благодарност на членките кои дадоа особен придонес во работата на клубот како и со лични донации за периодот 2016-2017 година: членките Ангелина Јанева, Анче Ќука и Весна Николовска, за кои клубот доделува благодарници за овие членки. Исто така, би сакала да го истакнам личниот ангажман и големата заслуга на нашата членка Анета Пешева во прием на нашиот клуб во Дистриктот на Innerwheel International, и добивање на меѓународен сертификат за нашиот клуб како потврда за дистриктирањето на клубот. На крај, би сакала заеднички да изразиме почит кон нашата покојна членка г-ѓа Афродита Марковиќ која за жал не е присутна меѓу нас, со едноминутно молчење.


    Претседател на IWC
    за 2016-2017 година
    Роска Митреска

    Скопје, 12.06.2017 година

 
 
 
21/05/2017
 
  • Донирани се 10.000,00 денари на здружението „Нефрон„ за организирање на носење на возрасни пациенти (коишто одат на хемодијализа и трансплантација на органи) на меѓународен семинар во БиХ на оваа тема.
 
 
 
25/04/2017
 
  • Одржано е предавање на тема „Препораки за здрава исхрана од г-ѓа Елеонора и г-дин Александар Делиниколови.
 
 
 
25/03/2017
 
  • Дониран е електричен апарат (фрижидер) во вредност од 11.800,00 денари на Даниел Пешевски од Кратовско, татко на 8 годишната Билјана Пешевска којашто е оперирана од тумор на мозок. Ова е една од поголемите акции кадешто се донирани и многу средства за хигиена, храна, облека, постелнина, играчки, кондури и ручек на семејството.
 
 
 
08/03/2017
 
  • Добивање на сертификат за Дистрикт 255.
 
 
 
14/02/2017
 
  • Донирани се прехранбени артикли во црквата Св. Петар и Павле - населба Ѓорче Петров, кадешто се хранат бедомници. Вредноста на донацијата изнесува 6.204,00 денари.
 
 
 
12/02/2017
 
  • Во ресторан Панини во Велес беше организирано дружење со Innerwheel членките од Битола, Куманово и Велес во функција на обележување на денот на Innerwheel - 10/01/2017 година којшто го обележавме на 12/02/2017 година поради временските неприлики.
 
 
 
21/12/2016
 
  • Во ресторан Daily се одржа заедничко дружење со членките по повод новогодишните празници.
 
 
 
14/12/2016
 
  • Во хотел Парк – Скопје е обележан денот на формирањето на клубот Innerwheel – Скопје.
 
 
 
13/12/2016
 
  • Лична донација (Роска Митреска ) на средства за купување на огревни дрва на Донева Наташа од с.Волково.
 
 
 
02.03.04/12/2016
 
  • Чартерување на клубот Innerwheel Europea. Пречек на гости во хотел Holiday Inn и донирање на парични средства во износ од 100,00 ЕУР од страна на нашиот клуб. Имаше и лични донации од наши членки во пијалок (Ангелина Јанева), печатење на пропагандни материјали (Анета Пешева), печатење на марами (Весна Богоја Блажевска) и свечен ручек (Весна Николовска).
 
 
 
29/11/2016
 
  • Донесена е одлука за намалување на членарината од 1.000,00 на 500,00 денари.
 
 
 
27/11/2016
 
  • Донесена е одлука за донирање на електричен апарат (фрижидер) на Тодоровска Лидија – мајка на Дејан (инвалид во количка). Донацијата во вредност од 9.299,00 денари е реализирана на 06/12/2016 година.
 
 
 
27/09/2016
 
  • На редовниот состанок на Innerwheel е примена нова членка во клубот – г-ѓа Адријана Скерлев – Чакар.
 
 
 
05/09/2016
 
  • Донесена е одлука за донирање на електричен апарат (шпорет) на семејство од поплавените подрачја. На 17/10/2016 година акцијата е реализирана на семејството на Додевски Боге од с. Стајковци во вредност од 10.000,00 денари.
 
 
 
23/08/2016
 
  • На 23/08/2016 година беше донесена заедничка иницијатива за спроведување на донација на едно семејство од поплавените подрачја во Скопско. Беше одбрано семејството на Соколовска Гордана – населба Ченто кадешто дониравме електричен апарат (шпорет). Донацијата во вредност од 10.800,00 денари беше реализирана на 30/08/2016 година.
 
 
 
08/06/2016
 
  • На 08/06/2016 година на претседателот на клубот Innerwheel - Роска Митреска и беа предадени симболите на клубот.
 
 
 
21/03/2016
 
  • Македонија го доби првиот Инер Вил дистрикт
  • Една од најголемите и највлијателни хуманитарни организации на жени во светот – Инер Вил Интернационал ја прошири својата мрежа и во Македонија со формирањето на првиот Македонски Дистрикт 255. На свеченост одржана викендов во Скопје, четирите локални клуба на жени членки во меѓународното семејство на Инер Вил, се соеднија во еден заеднички македонски Дистрикт, што претставува висок ранг во рамките на оваа организација. Со тоа Инер Вил клубовите од Македонија добиваат можност за директна соработка со центраната на Инер Вил како и зголемени можности за поголемо вмержување, соработка и ширање на хуманитарната работа со други вакви организации од целиот свет. Претседателката на меѓународниот Инер Вил, Шарлот де Вос објавувајќи го македонскиот Дистрикт, истакна дека е горда што членките на Инер Вил од Македонија се особено проактивни и посветени на хуманизмот и ширањето на добра волја и посветени секогаш да им помогнат на оние кои се маргинализирани или подзаборавени. На свеченоста во Скопје, присуствуваа гости од странство како и над 60 жени членки на Инер Вил клубовите од Скопје, Битола, Велес и Куманово.
 
 
 
08/06/2015
 
  • На 27 мај 2015 години, Инер Вил клубот од Скопје, на свечена академија ја одбележа својата 10 годишнина.
    Прославата се оддржа во М6 едукативниот центар во Скопје, а на роденденот присуствуаа сегашните и поранешни членки на клубот, како и многу поддржувачи, пријатели, претставници на бизнис заедницата, членови на Ротари Македонија и политичката елита од Скопје.
    Во присуство на бројните гости и прекрасната атмосфера, на роденденот на Инер Вил беа доделини 3 плакети за исклучителни заслуги, придонес и помагање на разојот на клубот на:
    • Марија Андова, поранешна претседателка на клубот, постхумно;
    • Марија Фукарова Јуруковска, како прв претседател на клубот и за особен развој;
    • Соња Бибановска, за континуирана поддршка и посеби заслуги.
    Исто така на прославата на 10 годишнината, беа доделени 20-на благодарници на истакнати членки на клубот и на поддржувачите и спонзорите од бизнис заедницата.
 
 
 
30/04/2015
 
  • На почетокот на март 2015, членките на Инер Вил клубот од Скопје, во рамките на програмските активности извршија посета на резиденцијата за стари лица “Дабевски“ во Скопје, при што донираа поголема количина на постелнини и опрема за домот за грижа на стари и изнемоштени лица. Членките на клубот поминаат прекрасни моменти дружејќи се со штитениците на оваа резиденција.
 
  • На 21 март, членките на Инер Вил клубот земаа активно учество во одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, и присуствуаа на манифестација која се организираше во Скопје, а исто така и финансиски го помогна одржувањето на манифестацијата за одбележувaње на овој светски ден.
 
  • На карајот на месец март, претставницчки на клубот присуствуваа на одбележувањето на петата годишнина на Инер Вил клубот од Велес.
 
  • На 21 април, Инер Вил клубот се вклучи во одбележувањето на месецот на Аутизмот. Членките на клубот присуствуваа на активноста која се оддржа во „Рамстор“ трговскиот центар и донираа и собираа парични средства кои потоа ќе бидат наменат за потребите на децата со Аутизам.
 
 
 
24/02/2015
 
  • На својата редовна месечна средба во хотелот Холидеј Ин, членките на Инер Вил кубот Скопје извршија прием на нова членка во инервилското семејство - Фросина Гецева Коцова.

    Освен тоа, претседателката Анета А. Пешева ја претстави програмата на активности која треба да биде реализирана од страна на клубот до почетокот на јуни 2015. Членките на Инер Вил ќе се вклучат во повеќе општествено одговорни и хуманитарни проекти, при што ќе се организира хуманитарно донирање во дом за грижа на стари лица.

    Исто така, на оваа средба поголемо внимание се посвети и на организирањето на свеченост по повод јубилејот 10 години Инер Вил Скопје.
 
 
 
27/01/2015
 
  • Членките на ИнерВил клубот ја оддржаа својата прва редовна средба во 2015 година. На средбата се дискутираа програмските цели и активности во 2015 како и вклучувањето во поголем број на хуманитарни активности кои ќе следуваат во новата календарска година.
 
 
 
 
 
 
 
12/29/2014
 
  • Во Кинотеката на Македонија, се одржа промоција на книгата “Приказната на Марија“, посветена на Марија Андова, исткната поранешна членка на Инер Вил. Оваа книга е напишана од нејзиниот сопруг, Стојан Андов. Голем број на пријатели и членки на Инер Вил беа на промоцијата на книгата која зборува за големата емотивност и храброст на нашата поранешна членка.
 
 
 
11/26/2014
 
  • Членките на ИНЕР ВИЛ, учествуваа на целодневниот форум посветен на бизнисот и општествена одговорност, насловен како Трипл Биз, кој се одржа во Скопје. На настанот ИНЕР ВИЛ како партнер се вклучи во повеќе активности во програмата. Претседателката на ИНЕР ВИЛ, г-а Анета Антова Пешева, одржа поздравно обраќање и ги запозна присутните со историјатот и активностите на клубот, а под покровителство на клубот беше одржана модна ревија од продажен карактер во соработка со Олгица Георгиева, модна креаторка. Децата со директорката, од домот за деца без родители „11Октовмри“ присуствуваа на настанот, при што извршија директна продажба на поголем број картички, а со самата продажба се изврши донација за Домот “11Октомври“.
 
 
 
11/24/2014
 
  • На редовниот состанок одржан во хотелот “Холидеј Ин“ се договорија активностите кои следуваат во наредните денови. Се изврши и презентацијa на изработените картички од активноста „Испрати љубов“, кои ќе се употребат како новогодишни честитики. Членките на ИНЕР ВИЛ, ја дискутираа соработка со организацијата ЗОНТА-Скопје и учеството во активноста “Кажи не на насилството врз жената“, која ќе се одржи на 25 ноември во МКЦ Скопје, а исто така беше разгледано и учеството во бизнис форумот Triple Biz, во кој Инер Вил активно ќе учествува.
 
 
 
11/11/2014
 
  • Делегација од клубот на -ти ноември, извршија посета на Домот за деца без родители 11 Октовмри во Скопје. Тие имаа целодневно дружење со штитениците на овој дом, и ја започнаа креативната работилница „Испрати љубов“, во која учество земаа повеќе штитеници и ја изразија својата креативност и мотивираност. На настанот штитениците од домот ги изработија своите картички полни со пораки за љубов.
 
 
 
10/28/2014
 
  • На редовната средба во хотелот Холидеј Ин во Скопје, на членките на Инер Вил, одлучија да го објават конкурсот за фотографии на тема „Осветли го патот“, како дел од глобалната кампања на Инер Вил Интернационал. На овој состнок, членките на клубот решија да земат активно учество и во кампањата на Обединетите нации (UN), за борба против насилството врз жената - „Кажи не' на насилството врз жената - обој го твоето соседство во портокалово“, и дадоа силна подршка за организирање на модна ревија од хуманитарно-продажен карактер, во соработка со модната дизајнерка Олгица Георгиева.
 
 
 
10/06/2014
 
  • На редовниот состанок, членките на Инер Вил, ја разгледаа предложената програма на активности, при што беше одлучено првата активност да биде во соработка со Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Скопје. Активноста „Испрати љубов“ претставува креативна работилница, преку која штитениците на домот ќе сликаат картички, кои понатаму ќе бидат употребени како новогодишни честитки, преку кои ќе се соберат средства, кои ќе бидат донирани во домот.
 
 
 
09/30/2014
 
  • На 30 септември, се одржа првиот редовен состанок на ИНЕР ВИЛ под претседателство на г-а Анета Антова Пешева. На состанокот претседателката Антова Пешева ја презентираше својата годишна програма за работа на клубот, и детално ги запозна членовите со програмските настани кои се планирани во наредниот период, до јуни 2015 год. Членките изразија задоволство и мотивираност за реализација на истата. Ги информираме сите членови на Иннер Вил, дека во иднина сите состаноци на клубот ќе се одржауваат секој последен вторник во месецот во хотелот Холидеј Ин во Скопје. (ул. Филип II македонски 5, 1000 Скопје).
 
 
 
2013-2014
 
  • Хуманитарна акција и донација во периодот од 1-ви Јули 2013 до 30-ти Јуни 2014.
        Претседател: Адријана Маја Гроздев, 2013-2014
 
 
 
06/26/2014
 
  • Се оддржа последниот состанок и беше изврешно примопредавање на претседателството на новата претседателка г-а Анета Антова Пешева, за следната 2014-2015 Инервилска година.
 
 
 
05/27/2014
 
  • Bеше одбележана годишнината од регистрирањето и постоењето на нашиот клуб, со дружење и пригодна свеченост
 
 
 
05/14/2014
 
  • Извршена е донација во вредност од 12.000 денари на тројца матуранти од средното медицинско училиште „д-р Панче Караѓозоц“ во Скопје
 
 
 
03/15/2014
 
  • Извршена е донација на стари алишта во училиштето за деца со специјални потреби „Иднина“ Скопје
 
 
 
1/27/2014
 
  • Проштален говор од членките на ИНЕР ВИЛ клубот од Скопје по повод загубата на наша почитувана и активна членка.
 
 
 
1/18/2014
 
  • Донирани се стари алишта во ОУ „Иднина“ – училиште за деца со посебни потреби
 
 
 
1/10/2014
 
  • Дружење во ресторанот "Диш", Скопје по повод денот на International InnerWheel, на кој присуствуваа наши членки од клубот Инер Вил од Велес
 
 
 
12/29/2013
 
  • Донирани се 40 пара детски чизмички на училиштето „ Иднина“ – училиште за деца со посебни потреби
 
 
 
12/16/2013
 
  • Прославен е осмиот роденден на ИНЕР ВИЛ Клубот од Скопје во ресторан „Маракана“- Скопј
 
 
 
10/31/2013
 
  • Посета и дружење со членките од ИНЕР ВИЛ Kлубот од Белград во Скопје, Македонија
 
 
 
10/26/2013
 
  • ИНЕР ВИЛ Kлубот во Скопје доби мандат за формирање на нов ИНЕР ВИЛ Kлуб во Куманово, Македонија
 
 
 
10/17/2013
 
  • Парична донација на еден член од Ротари Kлубот од Скопје, за лекување на неговото дете во странство
 
 
 
    Хуманитарна акција и донација во периодот од 1-ви Јули 2012 до 30-ти Јуни 2013.
    Претседател: Ангелина Кука, 2012-2013
 
6/1/2013
 
  • Дониран „Дормео“ душек на хендикепирано момче од Кочани
  • На 25-ти Јуни оддржан свечен ручек во „Ресторан Диш“ по повод Чартерувањето на IIWC Скопје.
 
 
 
5/1/2013
 
  • Донирана парична помош на тројца матуранти од средно хемиско училиште „Марија Склодовска Кири“ од Скопје. На Клубот му е врачена благодарница од страна на директорот на училиштето.
 
 
 
3/1/2013
 
  • Дружење на членките од IIWC од Скопје по повод 8ми март, денот на жената.
 
 
 
1/1/2013
 
  • Дружење во „Ресторан Диш“ во Скопје, по повод Интернационалниот ден на Inner Wheel, 10.01.2013
  • Истиот ден примена е нова членка во Inner Wheel од Скопје
 
 
 
12/1/2012
 
  • Донирана помош, платени сметки за неколку месеци за греење на невработено семејство
 
 
 
11/1/2012
 
  • Хуманитарна акција и донација на храна, производи за хигена, 3 метри кубни огревно дрво, носена облека и прехрамбени производи во едно семејство
 
 
 
9/1/2012
 
  • IIWC од Скопје донираше помош на две сестри, студенти без родители, докулку поминат во следната година.
 
 
 
    Хуманитарна акција и донација во периодот од 1-ви Јули 2011 до 30-ти Јуни 2012.
    Претседател: Весна Николова, 2011-2012
 
6/14/2012
 
  • Прослава по повод чартерувањето на IIW од Скопје во Велес, заедно со членови на IIW клубот од Велес, 27.05.2012 година.
  • Средба со г-ѓа Binota, сопруга на PRI President од Индија, 14.06.2012 година.
 
 
 
5/15/2012
 
  • Хуманитарна акција од храна, средства за хигиена, чорапи и носена облека.
 
 
 
4/1/2012
 
  • Донација на два инхалатори и еден стетоскоп за детската болниза "Козле", Скопје 09.04.2012 година.
  • Учество на интернационалната конференција, Истанбул 2012 година.
  • Разговор и размена на искуства со гостинка од IW од Виена, г-ѓа Ингрид Хилшер, 01.04.2012 година.
 
 
 
1/10/2012
 
  • Дружење во ресторанот "Диш", Скопје по повод денот на International InnerWheel, 10.01.2012 година
 
 
 
12/16/2011
 
  • Посета на детската болница "Козле" во Скопје за белодробни заболувања во врска со договор за хуманитарна донација.
  • Свечен ручек за одбележување на основачкото собрание на InnerWheel Клуб Скопје, 16.12.2001 година.
 
 
 
11/15/2011
 
  • Донација за два билета (автобуски карти) за цела година за две сестри, студентки без родители.
  • За истите студентки, еднократна помош, материјал за цртање.
 
 
 
10/10/2011
 

Во периодот од 01.07.2006 година до 01.07.2011 година од оправдани причини и неажурност на клубот, фалат податоци за работата на IIWC од Скопје. Ваквата состојба не е за оправдување но затоа сега ќе ги внесеме сите изведени акции, донации, предавања како и актуелните претседатели во овој период:

  • Мр. Викторија Еремеева – Наумовска (2006/2007)
  • Фрчковска Искра (2007/2008)
  • Снежана Лазаревска (2008/2009)
  • Марија Андова (2009/2010)
  • Мирјана Антиќ (2010/2011)

Во овој период ги презентираме извршените активности, донации на голем број деца, стари лица, фамилии и институции на кои помошта најмногу им била потребна:

  • На старите луѓе од домот “Мајка Тереза” во Злокуќани им подаривме нови палта и јакни.
  • На децата згрижени во “Shelter” центарот од семејно насилство им дониравме спортски патики и им беа предложени стоматолошки услуги.
  • Клубот ја плаќаше чланарината на две вредни студентки
  • За новата година дониравме машина за перење на алишта на прифатилиштето за деца чии родители неможат да ги издржуваат во селото Љубанци.
  • Дониравме компјутер и плативме средства за возачка дозвола на две деца од сиропиталиште кои живееа во фамилија
  • Обезбедивме вработување на едно дете без родители
  • На фамилија со четири близнаци дониравме кревети, пелени и храна
  • За бебе од 9 месеци дониравме алишта за облекување и храна, засолнето во центарот “25 Мај” во Скопје
  • Обезбедена е школарина за вредна студентка
  • Во “Маџар Маало” на самохрана мајка дониравме облека за неа и нејзина ќерка студент
  • Во Визбегово IIWC од Скопје на фамилија донираше кебиња, чаршави, новогодишни украси и елка, гардероба, храна и козметика. Додека “Rotary” клубот од Скопје подари ќумбе и огревен материјал
  • Во заедничка актица со Ротари клубот од Скопје реализирана е донација на Клиниката за белодробни болести и туберкулоза. Донацијата вклучување ќебиња, чаршави како и комплетно опремување на дневна соба.
  • IIWC од Скопје реновираше две соби во заводот за рехабилитација
  • Дониравме 100 чаршафи во ЈЗУ Герантолошки Завод “13 Ноември” – Скопје
  • Донирани се средтсва за патување во Русија на одлична студентка со цел продолжување на студиите.
  • Во село Вевчани донирани се 5 кревети и 7 престилки за децата на 7 члена фамилија
  • Остварено е пријателство со IIWC-Beyoglu од Истанбул
  • При посетата на IIWC-Beyoglu во Македонија остварена е посета на винаријата Фонко во Кавадарци
  • Остварено е одлично пријателство со IIWC од Белград (клуб кум). Остварена е посета на нивниот клуб
  • Остварено е одлично дружење во винаријата Фонко за време на денот на дрвото
  • Прославата на 5 годишнината од IICB и 4 годишнината на IIWC е остварена во Белград
  • Остварена е уште една акција во шалтер центарот со донација на облека.
  • Прославивме поставување на плочка на IIWS на ѕидот од хотел Карпош, каде е и седиштетот на нашиот клуб.
  • IIWC од Скопје беше спонзор за картерот на IIWC од Битола.
  • Во Март 2011 година IIWC од Скопје беше спонзор за картерот на IIWC од Велес.
  • Остварена е донација за четири матурантки, одлични ученички од гимазијата Георги Димитров.
  • За земјотресот во Хаити донирани се 200 Евра.
  • За операција на 3 годишно дете во Франција донирани се 1000 Евра.
  • За операција на 5 годишно дете во Бугарија донирани се 200 Евра.
  • Во основното училиште “Живко Брајковски” од општина Бутел, донирани се две подвижни врати за тоалет.
  • Во народната кујна “Мајка Тереза” во Кисела Вода донирана е храна за 63 лица.
  • Во “Детското Село” во населба Ченто донирана е машина за перење на алишта.
  • Во центарот за бездомници преку Црвен Крст дониравме средства за хигиена и користени алишта.
  • Донирани се употребувани алишта на две студентки без родители, кои се на издржување кај нивната тетка.
  • На 27 Мај го прославивме денот на нашиот чартер со дружење и свечен ручек во Скопје.
  • Донирани се средства за патување на студентка во Италија.




 
 
 
3/22/2006
 
Донација на Ротари клубот – Скопје
Болничка постелнина и мебел за Институтот за ТБЦ
Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза вчера доби донација од Ротари клубот Скопје. Донираната пратка се состои од ќебиња, постелнина, масички и столчиња, чија вредност се проценува над 3000 Евра. Оваа хуманитарна акција е реализирана по иницијатива на Здружението на граѓани за развивање и унапредување на хуманизмот и пријателството Inner Wheel Club of Skopje во кои членуваат сопругите на членовите на Ротари клубот, кои ја предадоа помошта.
За донацијата се заблагодари Ани Видоевска, директор на Институтот, која посочи дека со неа не само што ќе се обнови болничката постелнина, а со масичките и столчињата ќе се помогне во опремувањето на собата за дневен престој и трпезаријата, која се планира да биде отворена деновиве.
 
 
 
3/14/2006
 
Дом Мајка Тереза
Нови чевли за старите лица
Стотина рала чевли утре ќе добијат штитениците од домот за стари лица “Мајка Тереза” во Злокуќани, донација од невладината организација Inner Wheel – Скопје.
Марија Јуруковска, претседател на здружението, вели дека старите лица од домот уште во новогодишната прослава од нив побарале чевли и дека сега за првите пролетни прошетки сктивистките им обезбедиле удобни обувки.
Јуруковска најавува дека наскоро ќе имаат уште неколку хуманитарни акции.
 
 
 
12/26/2005
 
Приказната за семејтството на самохраната мајка Слободанка Ѓеорѓиева, ликовен педагог пргласен за технолошки вишок, и нејзините четири деца, објавена во Дневник поттикна армија хуманитарни луѓе од Македонија. Откако и беше платена струјата од над 30.000 денари, деновиве во нејзиниот дом хуманоста влегува на голема врата. Вчера ја посетија три претставнички од интернационалниот Inner Wheel клуб од Скопје, кои на семејтвото му донираа неколку пакети со храна и облека и малку пари. Вработени во Старт од Охрид испратија новогодишна елка и многу други подароци. Скопјанката Виолета Мишевска е само една од многуте што му помогнаа на семејството.
 
 
 
12/9/2005
 
Зимска облека, капути и палта добија вчера старите лица од домот Мајка Тереза во Злокуќани, како новогодишен подарок од невладината организација International Inner Wheel.
 
 
 
12/7/2005
 
Децата од Шелтер ќе добијат новогодишни подароци
Десетина деца сместени во засолништето за жени и деца жртви на семејно насилство Шелтер од пекарницата Специјал ќе добијат пакети со храна за новогодишните празници. Пакетите ќе содржат неколку видови бели печива и разни колачи и торти. Од невладината организација Inner Wheel ќе добијат пакети со облека.
Одговорните од засолништето велат дека децата се пресреќни оти годинава првпат ќе ги посети Дедо Мраз и дека тие веќе подготвиле писма со желби за наредната година.
 
 
 
10/18/2005
 
International Inner Wheel го посети Шелтер центарот и ја однесе и предаде донацијата од ротаријанецот Владо Тодорович - Тинекс, за бебе од 7 месеци што содржеше пелени и храна.
 
 
 
9/7/2005
 
Десетина основци засолнети во Шелтер центар – скривалиште за жени и деца жртви на семејно насилство, вчера добија учебници, училишни ранци и прибор, подарок на здружението Inner Wheel од Скопје. Сопствениците на пекарата Специјал за успешната учебна година им подарија пакети со разновидна храна.
Децата кои поголем дел од денот го минуваат засолнети во трајно скривалиште, вчера два часа уживаа во играта и храната во една од скопските игротеки.
Даниела Дабеска, одговорна во засолништето изјави дека не е лесно да се згрижат тие деца, кои целиот живот биле изложени на стравови и немаштија. Таа додаде дека помошта од донаторите за децата е најголемото внимание кои тие го добиле досега.
На свеченоста им беа доделени благодарници на здружението Inner Wheel, пекарата Специјал на редакцијата на Дневник и на Агенцијата за млади и спорт, кои традиционално веќе пет години на децата им овозможуваат неколкудневен летен одмор.
 
 
 
6/5/2005
 
Благодарност
Децата згрижени во Шелтер – центар прифатилиште на жени и деца жртво на насилство го завршија своето седумдневно летување во Охрид. Традиционално и оваа година летувањето е финансиски поддржано од Агенцијата за млади и спорт, која неколку години наназад им обезбедува на децата згрижени во прифатилиштето бесплатно летување. За поголема радост прв пат оваа година придонесоа членките на Inner Wheel. Тие на децата им обезбедија облека и опрема за летување. За повеќето од овие дечиња ова е прво летно искуство и доживување на кое со радост ќе се сеќаваат. Благодарение на хуманоста на сите луѓе што се вклучија во акцијата и на редакцијата на Дневник, која беше иницијатор на оваа акција и успеа истата да се реализира. Децата имаа можност неколку дена да живеат и да се чуствуваат навистина деца. Тие се жртви на домашно насилство и им недостигаат многу работи, а една од нив е вниманието кое овојпат го добија од луѓе кои докажуваат дека филантропијата не е доблест само на странците во Македонија.
 
 
 
6/4/2005
 
Десетина деца – жртви на семејно насилство засолнети во Шелтер центарот, вчера добија пакети со крпи, лежалки, костими за капење, топки, гуми и мускули за пливање од невладината организација International Inner Wheel од Скопје. Децата наскоро ќе заминат на летување, кое им го овозможија Агенцијата за млади и спорт и Редакцијата Дневник. Децата се на возраст од 7 до 14 години и прв пат во животот ќе имаат можност да летуваат, да престојуваат во хотел и да патуваат.
 
 
 
3/10/2005
 
По повод празникот на жената 8-ми Март, членките на здружението на граѓани Inner Wheel од Скопје го посетија домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани и на станарите им подарија пригодни подароци. По еден пар домашни влечки и чорапи добија жените, но и мажите, а беа почестени и со банани и слатки. На подароците, жителите на Мајка Тереза возвратија со силен аплауз и задоволни лица. Здружението Inner Wheel е формирано пред два есеца и ова е нивна прва хуманитарна акција.
 
 
 
 

International Inner Wheel Club Of Skopje. Сите права се задржани - Скопје 2006