Вообичаена пракса стана на нашиот Клуб времето проведено во ресторанот на хотел “Карпош” после секој одржан состанок кога ги одбележуваме родендените на нашите членки родени во соодветниот месец.
Во време од еден саат зборуваме за нештата од секојдневниот живот, за успесите на нашите членови од семејствата; матури дипломи, склопени бракови, принови (бебиња) или успеси на спортско поле. Ги изнесуваме нашите впечатоци од посетите на други земји ширум светот. |
|
|
08.03.2005
Насочени кон искрено пријателство и дружење, по повод 8 март 2005 г. организиравме ручек за членовите на клубот во ресторанот “Ден и нок”. Атмосферата беше весела и дружењето беше пријатно. |
|
16.12.2005
Во ресторанот “Анја” на кејот од реката Вардар организиравме ручек со цел да ја одбележиме годишницата од “основачкото собрание на нашиот клуб Inner Wheel од Скопје. |
|
10.03.2006
Во прекрасна атмосвера го поминавме ручекот по повод 8 март 2006 во ресторанот на насата членка Искра Фрцковска. Бесе весело. |
|
21.04.2006
На топлото пролетно сонце организиравме ручек во ресторанот “Анја” на влезот од скопскиот парк со цел да го одбележиме датумот 21.04.2006 кога е потпишана повелбата за нашето учество во бројното семејство клубови International Inner Wheel. Ручекот помина во раздрагана и весела атмосфера. |
|
27.05.2006
Годишница на Charter-от. Во рестиранот “Ум Зина” поминавме друзенје со прекрасна вечера и музика на забавни и народни песни. Во доцните вечерни часови расдраганото друштво тешко се разделуваше. |
|